
Големиот американски боксер Двајт Мухамед Каваи на 25 јули почина на 72-годишна возраст.
Роден на 5 јануари 1953 година во Балтимор, Американецот рано западна во неволји и злосторства, што на крајот го одведoa во затвор со години.
Таму Каваи почна да тренира бокс, а своето професионално деби го имаше во 1978 година.
Двајт Мухамед ги освои светските титули во лесно тешка и полутешка категорија, а во кариерата, меѓу другите, имаше борби со легендите Мајкл Спинкс (пораз), Леон Спинкс (победа), Ивандер Холифилд (два порази) и Џорџ Форман (пораз).
Каваи ја заврши кариерата во 1998 година со бројка од 41 победа и 11 порази.
Фотографија:Скриншот од Јутјуб



