Бокс

Стефан Цубалевски за скандалот на ЕП: Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка!

Македонскиот бокс судија се огласи на Фејсбук по срамниот ицидент на Европското првенство за кадети во Златибор, Србија. Имено, Стефан Цубалевски беше нападнат од тренерот на Азербејџан кој го судеше финалниот меч во категоријата до 75 килограми меѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Ајзербеџанскиот тренер најпрво вербално го нападна нашиот судија, а потоа влезе во рингот и почна да го дави и да го удира. Сето ова се случуваше пред полни трибини со деца кои беа дел од овој настан и како гледачи и како учесници.

Мечот веднаш беше прекинат, боксерот од Азербејџан дисквалификуван, а златниот медал го доби Виктор Мајсторовиќ.

„Eдно мое кратко излагање околу вчерашниот немил настан“, пишува Цубалевски на Фејсбук.

„Во периодот од 23.07 до 27.07. 2025 г. во Златибор – Р. Србија се оддржа Европско првенство за кадети – празник за спортот. Европско првенство кое беше организирано на високо ниво од страна на домаќинот, беше перфектно се до оној момент, последната борба на ова првенство меѓу репрезентативците на Србија и Азербејџан, кое требаше да биде шлаг на врвот. Гледам различни мислења по сите портали. Па, да појаснам, за оние кои не се упатени толку во овој спорт, јас сум судија од највисок ранг, ИБА судија 3 ѕвезда. Боксерот на Азербејџан од моја страна беше предупреден со интерни опомени 4 пати, каде што морав да реагирам со јавна опомена, по која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата (фрљотки). Веднаш по ова неговиот тренер влезе во рингот да се пресмета физички и ме фати за кошулата, фала ви на сите пријатели што се јавивте, немам никаква повреда, ни видлива ни потешка. За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати. Според правилата на ИБА (Меѓународната бокс асоцијација), доколку вратам и јас ќе бев суспендиран. Вака, тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (Европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното“, вели Цубалевски и додава:

„И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел, затоа што мојот одземен бод е со право одземен. Затоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на азербејџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка“!

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON