ВБЦ ја поништи победата на Франциско Родригез поради допинг, титулата се враќа кај Галал Јафаи

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) официјално ја поништи победата на мексиканскиот боксер Франциско Родригез над Галал Јафаи откако беше утврдено прекршување на антидопинг правилото. Привремената титула во мува категорија му е вратена на британскиот боксер, а ВБЦ закажа реванш меѓу двајцата.
Борбата се одржа на 22 јуни во Бирмингем, каде Родригез го победи Јафаи и го освои привремениот појас. Сепак, по борбата, антидопинг агенцијата ВАДА објави присуство на забранетата супстанца хептаминол во примерокот на Мексиканецот.
По темелна истрага, ВБЦ заклучи дека Родригез ја зел супстанцата случајно и ненамерно, но сепак му изрече 12-месечена суспензија со контролен период, со важност до 21 јуни 2026 година. Во овој период, ВАДА ќе спроведе најмалку три случајни тестови на сметка на боксерот.
Родригез е должен да помине и програма за превенција од дрога организирана од Комисијата за исхрана на ВБЦ. Таа вклучува четири сесии неделно и исто така ќе биде на негов трошок.
Доколку Родригез повторно ги прекрши антидопинг правилата за време на контролниот период, ВБЦ ќе му изрече трајна дисквалификација без понатамошна истрага, задржувајќи го правото на дополнителни санкции.



