Меѓународна сценаММА

Умар Нурмагомедов се враќа во октагонот, потврди Хабиб

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, го објави враќањето во октагонот на неговиот братучед Умар Нурмагомедов. Според објава на социјалните мрежи, Умар ќе учествува во главната борба на вечерта, која ќе трае пет рунди.

„Главната борба на вечерта, пет рунди. Време е за враќање, јуниор“, напиша Хабиб, алудирајќи на сериозноста на претстојната борба.

Противникот на рускиот борец, како и местото на одржување на борбата, сè уште не се официјално објавени од УФЦ.

Умар Нурмагомедов не се натпреварувал од јануари оваа година, кога го претрпе првиот пораз во професионалната кариера. Тогаш беше поразен со едногласна одлука од шампионот во бантам категорија Мераб Двалишвили. По борбата, Умар беше подложен на операција на раката и помина низ долг период на заздравување.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON