МТФ: Таеквондото беше најдостоинствен претставник на Македонија на ЕМОФ, на чекор од медал

Македонската таеквондо федерцаија се осврна на настапот на нашите репрезентативци на Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје.
„Најнапред да ја истакнеме Душица Бресалиева која беше на раб на медал, таа успеа да помине две кола и, за жал, загуби во борбата за медал. Во оваа прилика се заблагодаруваме на нејзините тренери Сашко и Жарко Арсови кои за краток период направија силен ТК Штип со исклучително сериозни борци.

Одлични беа и Андреј Василевски и Христијан Симоновски од ТК Бутел и ТК Младост, за жал, загубија во првите кола во многу изедначени борби!

Можеби без медал, но на крајот од ЕМОФ македонското олимписки таеквондо беше најдостоинствен претставник на Македонија, на чекор од медал“, истакнувата од МТФ во објавата на Фејсбук.




