АктуелноБоксПрофесионален

Еве колку заработија Усик и Дубоа од борбата

Александар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во кариерата. Тој го нокаутира Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-тата победа во професионалната кариера. Како и во првиот меч во 2023 година, Усик го победи Дубоа со прекин и повторно ги обедини четирите големи боксерски титули.

Борците ги поделија однапред договорените хонорари меѓу себе. Александар Усик освои 114 милиони евра, додека Дубоа е побогат за 61 милион евра. Тие се бореа на Вембли, а 90 илјади луѓе платија за билети. Усик и Дубоа се бореа пред две години, но хонорарите тогаш беа значително пониски. Усик заработи пет милиони евра за победата во 2023 година, а Дубоа 1,7 милиони.

Ова беше 24-та победа на Усик во неговата професионална кариера, 15 со прекин, додека Дубоа загуби по трет пат во кариерата, втор пат од Усик. Остана на 22 победи, но не успеа да ја постигне најважната во својата кариера.

Фото: Квинсбери

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON