Дубоа: Морам да го пофалам Усик

Александар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во кариерата. Тој го нокаутира Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-тата победа во професионалната кариера. Како и во првиот меч во 2023 година, Усик го победи Дубоа со прекин и повторно ги обедини четирите големи боксерски титули.
„Морам да го пофалам Усик за неговиот настап. Дадов сè од себе, сè што имав. Не ме заборавајте, ќе се вратам. Се борев, се обидував да победувам рунда по рунда. Но, заврши онака како што заврши“, рече Даниел Дубоа по борбата за ДАЗН.
Ова беше 24-та победа на Усик во неговата професионална кариера, 15 со прекин, додека Дубоа загуби по трет пат во кариерата, втор пат од Усик. Остана на 22 победи, но не успеа да ја постигне најважната во својата кариера.



