АктуелноБоксПрофесионален

Легендарниот Канело Алварез открива кога ќе се пензионира: Тогаш ќе го напуштам боксот

Мексиканската боксерска легенда Сол Алварез-Канело (63-2, 39 нокаути) влегува во последното поглавје од неверојатната професионална кариера.

34-годишникот од Гвадалахара ја започна професионалната кариера во 2005 година, кога имаше само 15 години.

Оттогаш освои светски титули во четири тежински категории, вклучувајќи ја и апсолутната титула во супер средна категорија, која моментално ја држи.

Во текот на кариерата победи бројни борци од генерацијата на великани, вклучувајќи ги Сергеј Ковалев, Мигел Кото и Генади Головкин, со кои влезе во рингот три пати меѓу 2017 и 2022 година.

Во интервју со поранешниот шампион во супер средна категорија Карл Фроч, Канело рече дека сè уште се чувствува „одлично“, но дека планира да ја заврши кариерата за околу три години:

„Знаеш, се чувствувам одлично, но секогаш велам дека на 37 години го напуштам боксот. Ќе видиме, но тоа ми е идејата“.

Канело моментално се подготвува за долгоочекуваниот судир со уште една боксерска суперѕвезда, Теренс Крофорд – судир што навивачите и аналитичарите го нарекоа „мега борба“.

Овие двајца современи великани ќе се соочат во битка за апсолутната титула на Канело во супер средна категорија во сабота, 13 септември, на стадионот „Алегијант“ во Лас Вегас, Невада.

Што се однесува до иднината на Канело, некои веруваат дека тој би можел да има реванш со Крофорд, по што евентуално ќе следат борби против Хамза Шираз или Крис Јубенк Јуниор, како што откри Турки Алалших минатиот месец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON