Ќе го одмаздам Волкановски. Ислам Махачев е премал за мене. Едноставно ќе го довршам

Џек Дела Мадалена е уверен дека ќе го победи Ислам Махачев кога двајцата конечно ќе влезат во кафезот.
Махачев се подготвува да се искачи во велтер категорија со цел да освои појас во втора дивизија, а неговиот противник треба да биде Дела Мадалена. Иако борбата сè уште не е официјално потврдена, сите индикации се дека ќе се одржи подоцна оваа година.
Зборувајќи на настанот „Етернал ММА“, Дела Мадалена нагласи дека верува оти неговата големина ќе биде клучна предност:
„Совршен сон за прва одбрана на титулата. П4П број еден, ќе му вратам за Волк. Видовме што направи Волк против него. Ќе го елиминирам. Тој е премногу мал. Премногу мал, ќе го стигнам“, рече Дела Мадалена.
Големината навистина може да игра голема улога додека Махачев се искачува во тежинска категорија. Иако Ислам со години се смета за „голем“ борец во лесна категорија, Австралијанецот верува дека ќе биде посилен и поексплозивен во велтер категорија, потсетувајќи се како перолениот Александар Волкановски успеа сериозно да го потресе Махачев во нивниот меч.
Jack Della Maddalena says Islam Makhachev is ‘too little’ for him 👀
“We saw what Volk did to him. I’m gonna get him. He’s too little.” 😳
🎥 @Eternal_MMA #UFC #MMApic.twitter.com/9udUwoXOQZ
— Championship Rounds (@ChampRDS) July 3, 2025
Иако сè укажува на фактот дека борбата ќе се случи, таа сè уште не е официјално договорена.
Од друга страна, Махачев се надева дека борбата со Дела Мадалена ќе биде закажана за ноември во Медисон сквер гарден, во меч кој сигурно би привлекол големо внимание.
„Сакам да го задржам мојот појас во лесна категорија. Но, тоа не е можно бидејќи ако се борам со Дела Мадалена во октомври или ноември, Рамазан започнува во февруари и би се испоставило дека не сум го бранел појасот во лесна категорија повеќе од една година, а тоа не е фер кон другите предизвикувачи“, изјави Махачев за ММА џанки. „Го прашав Дана Вајт дали постои можност да се борам во Медисон сквер гарден. Би било чест да се борам во таа легендарна арена, најголемата за ММА и боксот“.
Ислам Махачев моментално има скор од 27-1, а во последениот настап ја одбрани титулата во лесна категорија со запирање на Ренато Моикано. Џек Дела Мадалена, од друга страна, има резултат од 18-2 и ја освои титулата во велтер категорија со победа на поени над Белал Мухамед.



