АктуелноБоксПрофесионален

Шампионот во бокс и поранешен противник на Џејк Пол депортиран од САД! Го поврзуваат со озлогласен картел и озлогласениот „Ел Чапо“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ/ICE) го уапсија Хулио Цезар Чавез Јуниор, а Министерството за внатрешна безбедност (ДХС/DHS) објави дека поранешниот шампион во бокс се соочува со депортација од Соединетите Американски Држави.

Чавез, државјанин на Мексико, беше уапсен на 2 јули во Калифорнија и, според властите, против него има активна потерница во Мексико за врски со организиран криминал и шверц на оружје, муниција и експлозиви. Во официјалното соопштение на ДХС, Чавез е опишан како „поединец за кој се верува дека е поврзан со картелот Синалоа, кој е прогласен за странска терористичка организација“.

Во април 2024 година, Чавез аплицираше за постојан престој во САД, врз основа на неговиот брак со американски државјанин. Сепак, ДХС тврди дека неговата сопруга претходно била поврзана со починатиот син на озлогласениот водач на картелот Хоакин Гузман – Ел Чапо. Во декември 2025 година, УСЦИС/ USCIS проследи информации до ИЦЕ дека Чавез претставува сериозна закана за јавната безбедност, но администрацијата на тогашниот претседател Џо Бајден не го прогласи како приоритет за депортација.

Во јануари 2025 година Чавез повторно влезе во САД, но сега, по откривањето на повеќе лажни изјави во неговото барање за престој, тој е прогласен за нелегален и на 27 јуни 2025 година му е одредена депортација.

Тој моментално е во притвор чекајќи забрзана постапка за депортација во Мексико.

„Овој член на картелот Синалоа со активна потерница за трговија со оружје и експлозиви беше уапсен од ИЦЕ“, рече помошничката секретарка на ДХС, Триша Меклафлин. „Шокантно е што претходната администрација го препозна овој криминалец како закана, но сепак му дозволи да ја напушти земјата и да се врати“.

„Под претседателот Доналд Трамп, никој не е над законот – дури ни спортистите од светска класа. Нашата порака до сите членови на картелот во Соединетите Американски Држави е јасна: ќе ве најдеме и ќе се соочите со последиците. Деновите на неконтролирано насилство од картелите се завршени“.

Пред апсењето, минатата сабота во Анахајм, Чавез доживеа пораз со одлука на судиите од Џејк Пол. Видеото од апсењето на Чавез го објави новинарот Метју Сидорф.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON