Боксерите одработуваат спаринзи на Златибор, во сабота заминуваат на ЕП во Нови Пазар

Кадетите и јунорите на бокс репрезентацијата ги прават последните подготовки на Златибор, Србија, пред Европското првенство за јуниори од 7 до 18 јули во Нови Пазар, а под покровителство на ЕУБЦ
Момците предводени од сребрениот олимписки медалист Реџеп Реџеповски и Оливер Станков работат спаринг и техники. Досега се направени спаринзи со боксери од Ерменија, Црна Гора, Шпанија, Србија.

Од нашиот табор истакнуваат дека боксерите работат дисциплинирано и целосна посветеност.
Јуниорите Сонер Ајрушов -54 кг, Кирил Рајков -70 кг, Ануар Имери –57 кг, Петар Трајчески -48 кг и Арабел Рустемовски -52 кг во сабота заминуваат за Нови Пазар на ЕП на кое настпат над 200 машки и женски боксери од 20-тина земји во 13 тежински категории.
Кадетите Шаин Реџеповски, Џан Биљали, Иса Бајрам и Михаил Аврамовски се враќаат за Македонија по еден ден одмор продолжуваат на подоготовки во Охрид под водство на Самет Салиевски.



