АктуелноМеѓународна сценаММА

Џо Роган предлага Топурија – Махачев во Шпанија

Џо Роган не е возбуден за борбата меѓу Ислам Махачев и Џек Дела Мадалена.

Од минатиот викенд Махачев повеќе не е шампион во лесна категорија. Ѕвездата од Дагестан се откажа од титулата за да може за неа Илија Топурија да се бори против Чарлс Оливеира. Тие се бореа на УФЦ 317, кој се одржа во Лас Вегас. Илија победи со нокаут во првата рунда и стана шампион во друга категорија по тежина. Навивачите веднаш почнаа да сонуваат за борба меѓу него и Дагестанецот.

И додека Махачев сега гледа во велтер категорија, Роган го сака назад во лесна категорија. Долгогодишниот коментатор на УФЦ верува дека Ислам треба да се бори со Топурија во Шпанија.

„Вратете го Ислам Махачев во лесна категорија. Мислам дека тоа е борбата. Да бев јас организатор на борбите, ќе му се јавев на Ислам и ќе му речев: „Џек Дела Мадалена е смешен и сè, но ајде“. Го повикувам и го прашувам дали има број што го сака. Ајде да одиме во Шпанија“, рече Роган.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON