АктуелноМеѓународна сценаММА

Камару Усман сака борба со Дрикус ду Плесис во Африка

Поранешниот шампион во велтер категорија на УФЦ, Камару Усман, има за цел потенцијален блокбастер меч против актуелниот шампион во средна категорија, Дрикус ду Плесис. „Нигерискиот кошмар“ го планира мечот на првата африканска карта на УФЦ.

Борецот роден во Нигерија ги откри своите амбиции за време на неодамнешно интервју, навлегувајќи во нивното соперништво. Тоа соперништво се засили по контроверзните коментари на ду Плесис дека тој е првиот вистински африкански шампион. Забелешките беа критикувани од Усман и Израел Адесања како колонијално размислување.

„Ја освоив титулата во велтер категорија, а потоа со години чекав шанса за тој појас во средна категорија. Ако Дрикус ду Плесис е сè уште шампион, тоа ќе биде целосно африканска карта. Африка против Африка, првата карта во Африка. Јужна Африка против Нигерија. Тоа е спортско соперништво. Мислам дека е уште еден блокбастер. Мислам дека ова се мега настани што ќе се паметат со генерации“, изјави Усман за ТМЗ.

Борбата ќе има значителна културна тежина по тензијата создадена кога ду Плеси посочи дека е поавтентичен Африканец од претходните шампиони. Изјавата предизвика остри критики од Усман, Адесања и поранешниот шампион во тешка категорија Френсис Нгану. Сите тројца се родени во Африка и освоија титула пред ду Плесис.

УФЦ сè уште не организирал настан во Африка, и покрај бројните шампиони на континентот. Сепак, извршниот директор на УФЦ Дејвид Шо навести потенцијален настан во 2025 година, иако логистичките предизвици остануваат. Усман изрази оптимизам во врска со временската рамка за тие планови.

„Ако работите почнат да си доаѓаат на свое место, мислам дека ќе видиме прилично интересни следни 18 месеци“, рече Усман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON