АктуелноБорењеОстанато

Андреа Нисева: Гордо кажувам дека сум штипјанка, Македонка, а надлежните нека одговорат зашто не настапив за македонската репрезентација

Родената штипјнака Андреа Нисева изминатиов викенд на Европското првенство во борење за кадети (до 17 години) во Скопје освои бронзен медал, но не за Македонија, туку за репрезентцаијата на Бугарија која и овозможи добар подготвителен период, иако желбата беше да се бори за македонската репрезентација.

Сепак. Нисева вели јас сум штипјанка, а градот го смета овој медал за свој, бидејќи тука учам, спортувам, другарувам, растам….

Освои медал на домашен терен и покажа дека можеш да се носиш со европската елита. Што беше пресудно за освојување на медалот? И дали можеше да биде посјајно одличје?

-Пресудно за освојување на овој медал е долгодишната работа на душекот, техника, тактика на водење на борба, физичка подготовка, психичка подготовка и целосна контрола на душекот, па и надвор од него, конкретно, желбата за освојување и докажување дека секогаш ќе бидам на пиедесталот на елитното борење во светот и Европа.

Би рекла да, но тоа се моменти, како што би рекол мојот тренер Методи Сичков, првин треба да се совладам самата себе и кога ќе го постигнам тоа доаѓа до израз олимписката победа за која мечтае секој спортист.

Имаше четири борби, во три победи, а во една беше поразена од противничка од Турција која порано ја имаш победувано. Што го одлучи полуфиналето?

-Имав 4 борби. Првата борба, која воедно е и одлучувачка, ми беше со противничка од Унгарија, Барбара Багер која е доста искусна и има неколку успеси од европско и светско првенство. Оваа борба заврши со резултат од 10-5.

Втората борба ми беше со натпреварувачка од Франција и се борев тактички и не сакав воопшто да ризикувам. Така што, оваа борба заврши со 6-0.

Во полуфиналето се сретнав со натпреварувачка од Турција. На почетокот на борбата го повредив рамото и таа повреда ја преврта цела борба и ја изгубив 8-0.

Во борбата за медалот се сретнав со Швеѓанката, исто така е искусна и која во репасажот ја победи Гузијката Капанадѕе, европска шампионка од 2024 година. Во оваа борба се борев фајтерски и бидејќи првично ми поведоа 2-0 за да на крајот да победам со резултат 12-2.

Твоите клупски другари и другарки од Олимпија и други штипјани и љубители на борењето од Македонија беа на трибините и те бодреа со повици Македонија, иако знаат дека настапуваш за репрезентацијата на Бугарија. Какви беа чувствата во тие моменти?

-Имав голема подршка од моите клупски пријатели од Олимпија од Штип. Морам да истакнам дека Маријан Атанасов кој живее во Англија, како и Љубиша Пешко кој живе во Шведска специјално дојдоа да ми дадат поддршка и да ме бодрат од требините извикувајќи Македонија, Македонија, иако знаеја дека настапувам за Бугарија. А, за ова прашање ќе се обратите директно до Боречката федерација на Македонија и министерот за спорт Борко Ристовски.

Моите тренери ме учат дека после секоја победа треба да останам присебна и да имам почит спрема противникот којизгубил да му подадам рака бидејќи неговиот пораз може да се случи и на мене и дека во овој спорт треба да имаме почитување.

Каков е приемот во Штип по совојувањето на медалот во кадетска конкуренција?

-Гадот Штип овој медал го смета за свој, бидејќи јас учам, спортувам, другарувам и растам во овој град и можам гордо да кажам дека јас сум штипјанка, Македонка и никој не може да ми го земе тоа право.

Како што е познато, имаше прием во Македонскиот олимписки комитет, твојот тренер Методи Сичков имаше разговори со министерот за спорт Борко Ристовски. Колку е блиску или далеку македонската репрезентација за Андреа Нисева?

-Се борам за Бугарија бидејќи не ми е дозволено од Боречката федерација и мојот клуб Олимпија го дискриминираат и не му даваат право за настап. Цела Македонска јавност веќе го знае проблемот и знаат дека многу борачи од Олимпија се натпреваруваат за друѓи клубови, како на пример Чаир и Вардар. Препорачувам на сите млади никогаш да не се откажуваат од своите сониште без разлика каква препрека им претстои на патот и само со труд и напорна работа можат да ја достигнат својата цел.

Министерот беше во Штип и вети пред целата јавност дека ќе го реши проблемот со дискриминацијата, но од тоа ветување ни трага ни глас, единствена поддршка и надеж имаме од Македонскиот олимписки комитет и претседателот Даниел Димевски.

Наскоро претстои Светското првенство во Атина. Какви се твоите очекувања на СП?

-Нареден предизвик ни е светското првенство во Атина Грција, а како најголема цел во мојата кариера ми е медал од Олимпијада.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON