АктуелноМеѓународна сценаММА

Ќе се откажели Ислам Махачев од спортот?

Тренерот Хавиер Мендез изјави дека неговиот штитеник, лидерот на П4П и поранешен хегемон во лесна категорија – Ислам Махачев (27-1), наскоро ќе ја заврши кариерата. Спецут е уверен дека на Махачев му остануваат не повеќе од 3 борби.

Но, менаџерот на борецот, Али Абделазиз, категорично не се согласува со изјавата на Мендез. Тој напиша на социјалните мрежи: „Махачев не треба ни да размислува за пензионирање. Ќе помине уште најмалку 3 години на највисоко ниво“.

Самиот борец индиректно ја потврди изјавата на Абделазиз – напиша дека „ова е само почеток“. Махачев го употреби хаштагот „двоен шампион“ бидејќи во следната борба ќе се обиде да ја земе титулата на УФЦ во велтер категорија од Џек Дела Мадалена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON