
Стефан Спасовски – Зангал во саботата настапи на настанот Фајтс ор фол Гладијаторс најтс 10 при што во бокс со голи раце ги одмери силите со Арсим Јашари и незаслужено загуби.

„Моето прво искуство во бокс без ракавици. Очекував дека тој ќе ме напаѓа и чекав на контра, но по првата рунда тој чекаше цело време и бегаше на назад. Разликата во висина беше 15 см разлика. Се обидував да ја скратам дистанца на секој можен начин, но залудно беше, избегнуваше отворена борба, со што сфатив дека треба да бидам поактивен. Ме изненадија рундите, затоа што беа кратки, не е како во ММА 5 минути. Но, тука еден удар може да биде одлучувачки и завршен.

Немам ништо против противникот, дознав дека сме од ист град. Уште пред борбата тој дојде да ме поздрави, од негова страна фер и коректно и нема лоша крв, но во борбата мојата мисија беше да го повредам. Не знаев дека судиите ќе судат според националност а не според активност и удари. Така, борбата му ја дадоа на него сите 3 рунди, што е нивна срамота.

Знам дека не изгубив. Можеби не се покажав во најдобро светло оти планот беше да го пуштам да работи и да го чекам на контра, бидејќи му ги гледав претходните борби. Сепак, ова е мое прво искуство“, вели Стефан Спасовски и додава: „Не е прв пат да одам на туѓ терен и да ми направат вакви неправди. Тоа се случи во Грција пред 11 години, кога беше уште полошо. Ми прекинаа борба против домашниот борец, во која доминирав. Имам 30 години и уште 5 години да направам нешто. Ќе продолжам да се борам. Ова е само лекција да не прифаќам борби каде што сите тројца судии се Албанци. Затоа сега знам што треба да правам во оваа дисциплина. Сите што ќе ја гледаат борбата можат да проценат кој победил. Уште денеска се враќам на тренинг“.
Борбата на Спасовски-Јашари почнува на 40 минута.



