Артур Бетербиев повеќе не сака пресметка со светскиот шампион: Тој е премногу добар

Поранешниот апсолутен светски првак во полутешка категорија Артур Бетербиев признава дека избегнал соочување со еден непоразен светски шампион.
Четериесетгодишниот борец во ноември минатата година го победи Дмитри Бивол во меч за обединување на титулите во полутешка категорија, но загуби во реваншот.
Сега, трилогијата од нивните борби веројатно ќе се одржи некаде кон крајот на 2025 година.
Но, се шпекулира дека Бетербиев размислува за потенцијална борба со украинската суперѕвезда во тешка категорија,Александар Усик, кој моментално ги држи титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО.
Усик на јули ќе се обиде по втор пат да ги обедини титулите во кралската дивизија. Непоразениот Украинец ќе се соочи со шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа на Вембли.
Откако минатата година го победи Тајсон Фјури по втор пат, Усик изјави дека е заинтересиран да се врати во полутешка категоријата. Неговата желба беше повторно да се обиде да ги обедини титулите во таа категорија, како што направи пред седум години.
А Бетербиев, кој се бореше со Усик во аматерски категории, пред некое време изјави дека сака реванш со Украинецот.
„Од чисто спортска гледна точка, би бил заинтересиран да се борам со Усик, боксиравме во нашите аматерски денови на Олимписките игри и на Светските првенства“, рече Артур Бетербиев во тоа време и продолжи:
„Би било интересно повторно да се сретнеме во рингот како професионалци, парите не се толку важни. Верувам дека хонорарот би бил добар, но ме интересира тој меч исклучиво натпреварувачки. Многу повеќе од заработка“.
Но, се чини дека Бетербиев се предомислил, во интервју за ТВ Фајт хаб откри дека Украинецот е премногу силен за него.
„Не, Усик е премногу силен за мене. Тој сега е тешка категорија и ако се врати во пониска категорија, повторно би бил премногу силен. Тој е премногу добар за да се натпреварува во тешка категорија“, нагласи Артур Бетербиев.



