Српски ММА борец и неговата девојка убиени во Канада!

Српскиот ММА борец Страхиња Гавриловиќ е убиен во Канада, во државата Квебек.
Српскиот натпреварувач, кој живеел во Канада и имал канадско државјанство, бил убиен заедно со неговата девојка, Едит, објавува „Ла Трибјун“.
Овој медиум објавува дека Страхиња и Едит се жртви на инцидент што се случил во саботата навечер во Шербрук, Квебек.
Властите во моментов не го разгледуваат семејното насилство.

„Истражителите во моментов се на терен за да утврдат што се случило. Се среќаваме со сведоци и ги разгледуваме камерите во областа. Бараме дополнителни информации“, изјави Луј-Филип Руел, портпарол на државата Квебек.
Подетални информации сè уште нема, а соседите им кажаа на локалните новинари дека слушнале истрели во текот на ноќта.
За време на својата ММА кариера, Страхиња Гавриловиќ имаше осум победи и шест порази, а се бореше под прекарот „Врколак“ (Werewolf).
Фото: Принтскрин



