Бен Аскрен е хоспитализиран, неговата здравствена состојба е многу сериозна

Поранешниот шампион на ОНЕ и борец на УФЦ, Бен Аскрен (40), беше итно хоспитализиран и според најновите информации, неговата здравствена состојба е многу сериозна. Сопругата Ејми потврди дека Бен е во критична состојба и дека „не реагира на ништо“.
„Можеби сте слушнале дека мојот сопруг Бен е сериозно болен. Доби пневмонија која се појави многу ненадејно. Моментално е во болница и не може да зборува. Сите молитви за исцелување и мир се добредојдени. Се трудиме нашите деца да можат да продолжат со својот живот што е можно понормално. Ве молиме сите да се воздржите од дискусија за ова“, напиша Ејми во објава на социјалните мрежи.
А меѓу првите што известија за сериозната здравствена состојба на Аскрен беше инсајдерот за борење, Пет Минео, кој спомена сериозна пневмонија и додаде дека Бен се бори со стафилококна инфекција.
Бен Аскрен ја заврши својата MMA кариера во октомври 2019 година по вториот пораз во УФЦ, кога загуби со завршница од Демијан Маја. Во април 2021 година загуби боксерски меч со прекин во првата рунда против јутјуберот Џејк Пол.



