Одлично деби на таеквондо турнирот „Штип опен 2025“ – ТК Штип освои 18 медали

Денес во спортската сала „Јордан Мијалков“ се одржа првото издание на таеквондо турнирот „Штип опен 2025“, во организација на Таеквондо клуб Штип, во соработка со Македонската таеквондо федерација.

Турнирот е дел од официјалниот лигашки систем на Федерацијата и собра стотици млади борци од целата држава, како и гости од земјите од регионот, што го направи настанот уште поинтересен и поквалитетен од спортски аспект. Натпреварувањето се одвиваше во борбена и фер атмосфера, со голема посетеност.
Инаку, Таеквондо клубот Штип се претстави одлично, освојувајќи вкупно 18 медали – 5 златни, 6 сребрени и 7 бронзени, што претставува огромен успех и гордост за овој млад, но веќе афирмиран клуб.

Резултати на Таеквондо клуб Штип:
Деца:
Мартијан Ѓоргиев – 33 кг – сребрен
Илијан Ампев – 27 кг – бронзен
Максим Миленковиќ – 30 кг – сребрен
Божидар Димитров – 33 кг – сребрен
Павел Славков – 36 кг – бронзен
Максим Арсовски – 40 кг – сребрен
Павел Басаров – 57 кг – златен
Деца жени:
Сара Тодорова – 44 кг – сребрен
Кадети А:
Марко Алексовски – до 41 кг – бронзен
Антонио Арсовски – до 45 кг – бронзен
Кадетки А:
Андреа Илиевска – до 47 кг – златен
Софија Ристова – до 47 кг – бронзен
Јуниори:
Никола Митев – до 68 кг – бронзен
Џем Пашов – до 78 кг – бронзен
Јуниорки:
Паола Арсовска – до 52 кг – златен
Душица Бреслиева – до 59 кг – златен
Драгана Ефтимовска – до 63 кг – златен
Мила Штериева – до 63 кг – сребрен
Сениори:
Виктор Спасов – до 80 кг – бронзен
„Со „Штип опен“ започнуваме нова спортска традиција – и ова е само почеток. Благодарни сме што Штип покажа дека знае да го слави спортот и успехот на младите“, велат од клубот!



