АктуелноДомашна сценаКик бокс

Димитар Лазарески ја освои шампионската титула на Германија во К-1

Македонецот Димитар Лазарески со триумф во Лајпциг, Германија, ја освои титулата на Државното кик бокс првенство на Германија во К-1 на ВАКО.

Лазрески во финалето славеше против Алкјадах Амир Јамал од Саудиска Арабија. Така, македонскиот кикбоксер Димитар Лазарески запиша голема победа на меѓународниот турнир во Лајпциг,славејќи во финалето против реномираниот борец од Саудиска Арабија, со одлична техника, прецизни удари и тактички пристап. Лазаревски успеа да ја добие довербата на судиите и убедливо да го освои првото место.

Претходно, во полуфиналето го победи Германецот Ланг Ервиш Рајан.

Борбата привлече големо внимание, со оглед на тоа што и двајцата борци важат за врвни имиња во своите категории. Настанот се одржа во полна спортска арена во Лајпциг и беше дел од престижна меѓународна боречка манифестација, на која учествуваа натпреварувачи од повеќе европски земји. Победата на Лазаревски не само што е личен успех, туку и гордост за македонскиот спорт.

„Се подготвував интензивно за ова финале. Благодарен сум на мојот тим и сите што ми дадоа поддршка,“ изјави Лазарески по победата. Со оваа победа, Лазаревски го зацврсти своето место на меѓународната сцена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON