Спасеновски и Стојановиќ не се пласираа во четвртфиналето на Премиер лигара

На завршниот четврти турнир на Карате 1 Премиер лига во Рабат, Мароко, македонските репрезентативците од редовите на Макпетрол, Петар Спасеновски и Стафан Стојановиќ, завршија како трети во своите групи и не се пласираа во четвртфиналето.
Спасеновски забележа пораз и нерешен резултат, а Стојановиќ победа и два порази.
На Премиер лигата настапуваат Топ 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската Карате 1 Премиер лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.
Во Мароко учествуваат вкупно 373 елитни спортисти од 63 држави.
Резултати Карате 1 Премиер лига – Рабат:
-84 кг – 4.група
Петар Спасеновски – Мехди Срити (Мароко) 2-11
Петар Спасеновски – Јусеф Бадави (Египет) 1-1
+84 кг – 6.група
Стефан Стојановиќ – Микеле Киани (Италија) 0-4
Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хрватска) 1-2
Стефан Стојановиќ – Омар Абделбакеј (Египет) 4-3



