АктуелноБоксПрофесионален

Промотерот на Џошуа потврди дека се во преговори со Турки Алалших за договор за две борби

Еди Херн откри дека Ентони Џошуа е во преговори со Турки Алалших и организаторите на „Сезоната во Ријад“ за потенцијален договор за две борби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @anthonyjoshua

Џошуа ги одржа последните две борби под покровителство на Сезоната во Ријад:

– го нокаутираше Френсис Нгану во втората рунда во март 2024 година,

– но потоа шест месеци подоцна доживеа пораз со нокаут во петтата рунда од Даниел Дубоа.

Иако се зборуваше за реванш со Дубоа, Џошуа сепак одлучи да се подложи на операција на повредениот лакт.

Херн изјави за Бокс сецна претходно оваа недела дека операцијата поминала добро и дека Џошуа треба да се врати на целосен тренинг за околу шест недели. Во меѓувреме, Ноо смоук бокс објави дека Џошуа е во преговори со Сезоната во Ријад за договор за три борби.

„Тоа не е вистина, всушност преговараме за договор за две борби со Сезоната во Ријад“, изјави Херн за Бокс сцена.

„Преговорите се во тек, а (Турки Алалших) го кажа тоа вечерта на борбата со Канело Алварез (против Вилијам Скул, 3 мај), кога имавме состанок. Тоа е планот. Сакаме Џошуа да се бори оваа година, во октомври, ноември или декември.

Херн сака да го почека исходот од реваншот меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа закажан за 19 јули, бидејќи двајцата веќе го победија Џошуа.

И Тајсон Фјури постојано најавуваше враќање и автоматски би бил потенцијален противник на Џошуа, ако се врати.

„Ќе видиме што ќе се случи со борбата Дубоа – Усик, ќе видиме што ќе се случи со Фјури“, продолжи Херн.

„Ако не се бориме со ниту еден од нив, ќе организираме борба со некој друг, а потоа можеби следната година ќе се бориме за еден од нив“.

Херн, исто така, потврди дека Дилиен Вајт и Џаред Андерсон се споменати како можни противници на Џошуа.

„Тоа се две имиња за кои се зборуваше, но сè уште ништо не е конкретно“, заклучи Херн.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON