АктуелноМеѓународна сценаММА

Алекс Переира: Стивен Сигал ме научи техники што треба да ги користам во борби

Алекс Переира, поранешен шампион во кикбокс на Глори и ѕвезда на УФЦ, зема часови од актерот и стручњак за боречки вештини Стивен Сигал.

Сигал го научил на нови техники за да ја подобри борбата. Ако мислите дека Стивен Сигал е лажен стручак за боречки вештини, грешите. Многу познати борци често го посетуваат, а рускиот претседател Путин дури му дозволува да ги тренира неговите телохранители. Алекс Переира тренира со Стивен Сигал за да ги подобри своите MMA техники.

Переира рече дека е отворен за нови идеи. Според Переира, Сигал има многу искуство и знаење што добро одговара на неговиот стил.

„Тренирам со многу различни луѓе за да се подобрам“, рече Переира.

Како може Стивен Сигал да помогне во MMA? Стивен Сигал му покажа на Алекс Переира како да удира и како да го изненади противникот со моќни техники. Переира рече:

„Сигал ме научи на техники што можам да ги користам во борби. Неговото искуство ми помага да се развивам. Има техники за кои многу луѓе не знаат. Ќе се обидам да ги искористам во моите следни борби“, рече Переира.

Переира моментално е на пауза откако во март ја загуби титулата од Магомед Анкалаев. Се шпекулира дека нивната втора борба ќе се одржи во октомври во Абу Даби.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON