Шампионката на УФЦ во бантам категорија Валентина Шевченко ја коментираше победата над Манон Фиоро по успешната одбрана на титулата на УФЦ 315 во Монтреал:
„Манон Фиоро е силна противничка – таа има добри вештини за држење на телото. Но, успеав да применам сè што подготвивме за оваа борба. Со години тренирам со сестра ми Антонина, која исто така се бори како левучарка, па затоа ја посветувам оваа победа на неа и на нашата мајка“.
Шевченко, која победи со едногласна одлука во коглавната борба на вечерта, нагласи дека возраста не е пречка за нејзините амбиции: „Годините се само бројка. Поважно е како се чувствувате ментално и физички – и најважно од сè, како се однесувате во кафезот. На тоа треба да се фокусираме“.