Борачите на Вардар ќе настапат на „Васил и Георги Илиеви“ во Ќустендил

Вардар во сабота ќе настапи на Меѓународниот турнир „Васил и Георги Илиеви“ во Ќустендил, Бугарија.

Турнирот е за кадети во грчко-римски стил, а екипата на Вардар ќе ја предводи Штерјо Митров.

На овој турнир ќе настапат екипи од Грција, Македонија и Романија со над 100 натпреварувачи, вклучувајќи ги и претставниците на сите водечки клубови за борење во Бугарија.

Борбите започнуваат во 10:30 часот, а официјалното отворање е во 10:00 часот по бугарско време. Обезбеден е награден фонд од 4.400 евра, кој ќе биде распределен меѓу најдобрите борачи и тимови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON