Тешко е да се каже нешто за приказната што шампионот Александар Волкановски ја напиша во кафезот на УФЦ минатиот викенд. Откако ја загуби титулата со нокаут од Топурија, на 36-годишна возраст, Волкановски се врати во кафезот и го победи помладиот Диего Лопез, со што повторно седна на тронот во перо категорија.
Освен тоа, приреди феноменален меч со Лопез, кој многумина не го очекуваа. Сепак, тоа имаше и свои последици. Неговиот тренер Џо Лопез откри дека Волкановски прилично рано на тој меч се здобил со повреда.
„Мислиме дека ја скршил раката. Сè уште чекаме на рендген, но мислиме дека раката е скршена. Ова се случи доста рано во борбата. Алекс на почетокот не сакаше да каже ништо, но на крајот само дојде кај нас и ни кажа како ја скршил раката. Покрај тоа, малку го боли стапалото, а има и неколку испакнатини и модринки на потколениците. Сепак, тој имаше пет рунди војна со друг воин. Се разбира потоа дека ќе ве боли“; изјави Лопез за Сабмишн радио.
„-Алекс сака реванш со Топурија, но не зависи од нас, до УФЦ е. Сигурен сум дека и УФЦ би ја сакал таа борба бидејќи ќе има многу погледи на неа. Знам дека и Волк би го сакал тоа. Но, повторувам, тоа е до УФЦ и Илија“, објасни тој.
Се надеваме дека Волкановски што поскоро ќе се опорави од повредите со кои се здоби во борбата, но се надеваме и дека нема прерано повторно да влезе во кафезот. Сега, кога има 36 години, дефинитивно треба да посвети повеќе внимание на овие работи, но тимот сигурно ќе го советува да го стори истото.