BKFC Ice Wars – битки на хокеарско лизгалиште

Шампионатот за борба со голи раце (БКФЦ) прави уште еден уникатен чекор во светот на боречките спортови. Организацијата најави создавање на БКФЦ ијас ворс/ BKFC Ice Wars – формат без преседан кој комбинира бореќки спортови со хокеј на мраз.

Првиот историски настан Бател оф д бордерс ќе се одржи на 14 јуни 2025 година во казиното и одморалиштето Соаринг игл во Маунт плезант, Мичиген. Дваесет и четири елитни борци од САД и Канада ќе се соочат на специјално дизајнираното лизгалиште од 900 квадратни метри наречено „Ледената кутија“.

Дејвид Фелдман, основач на БКФЦ, изјави:

„Нивната визија и енергија совршено се совпаѓаат со нашата филозофија за испорака на суров, адреналински боречки спорт на начин на кој фановите досега не го виделе“.

Чарли Нама, извршен директор на новата лига, додаде:

„Ова не е само партнерство – тоа е спојување на две високоенергетски боречки дисциплини во една моќна лига“.

Првичниот план вклучува најмалку шест настани во 2025 година и амбициозните дваесет и четири трки во 2026 година.

Главни карактеристики на БКФЦ ајс ворс:

Три до пет рунди од по 90 секунди

Двајца судии/ помошни

Тројца судии

Евалуација на три фактори: ефективни удари, агресивност и контрола на бојното поле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON