Три порази во последните четири настапи забележа поранешниот владетел во перо категорија Александар Волкановски. Првиот пораз од Махачев – мора да се признае – беше многу тесен, дури, според многумина, победил. Освен тоа, беше нокаутиран од Махачев во реваншот и од Топурија кога се обиде да го одбрани појасот во перо категорија.
Сето тоа се доста тешки порази за Волкановски, кој тешко му паднаа, а многумина се уште се убедени дека неговите најдобри денови сега се зад него. Самиот Волкановски призна дека се преиспитувал по ваквите порази:
„Секако дека си поставував прашања; односно дали ќе можам повторно да го удрам тој прекинувач и дали повторно ќе бидам стариот јас. Тоа го дознавме доста брзо бидејќи рано го започнавме кампот. Изгледам одлично во сала во моментов. Тежината и понатаму доаѓа според распоредот, така што имам многу време“, изјави Волкановски за ЕСПН.
„Исто така, се прашував за сето тоа бидејќи ова беше непозната територија за мене. Дали го изгубив тоа што го имав? Што се случува? Мислев дека едноставно не го сакам повеќе ова. Можев да прифатам дека ми треба пауза, но дали можев да прифатам дека завршив? Не, не го прифатив тоа и ќе се вратам. Ќе го вратам тој појас, повторно ќе го бранам“, додаде тој.
Волкановски е вистински борец кој вистински го сака тоа што го работи, но во одреден момент ќе мора да прифати дека неговата кариера е при крај. Тој оваа година ќе наполни 37 години, што е доста напредна возраст за борец во перо категорија, но тешко е да не се навива за да ја освои титулата уште еднаш пред крајот на кариерата.