Доналд Трамп: Конор Мек Грегор ги има најдобрите тетоважи што некогаш сум ги видел

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп призна дека е голем обожавател на ирската борбена сцена и особено на ѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор.

На средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Трамп беше запрашан кои Ирци најмногу го импресионирале. „Има толку многу, дали се шегувате? Па, навистина ми се допаѓа твојот борец. Ги има најдобрите тетоважи што некогаш сум ги видел“, изјави тој.

Трамп не го пофали само Мек Грегор, туку и борбениот дух на Ирците воопшто. „Имате многу големи борци. Не знам што е тоа, но Ирска отсекогаш имала добри борци. Дали знаете зошто? Затоа што тие се тешки луѓе. Тие се паметни луѓе, тие се страсни луѓе“, додаде тој.

Претседателот не пропушти да го спомене и боксерското минато на таткото на ирскиот премиер – Педи Мартин. Со насмевка Трамп заклучи: „Од генетски причини, не би се шегувал со мојот ирски колега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО