Пол Хјуз и Бруно Миранда го предводат ПФЛ Европа 1

Пол Хјуз и Бруно Миранда добија шанса да бидат предводници на гала вечерта на ПФЛ.

Двајцата ќе се натпреваруваат во лесна категорија. Нивната битка е водечка на настанот ПФЛ Европа 1, кој ќе се одржи на 10-ти мај. Локацијата е Белфаст, Северна Ирска.

Хјуз има скор од 13-2 во ММА. Тој во последната борба на крајот на јануари годинава се бореше за титулата против Усман Нурмагомедов. Пол даде се од себе и беше блиску до победа, но на крајот загуби со одлука. Неговиот пораз ја прекина серијата од 7 победи. Хјуз заврши 9 од неговите борби и е непоразен со завршница во ММА. Пол е поранешен шампион на Кејџ вориорс.

Миранда има скор од 17-5 во ММА. Во последната борба го победи Патрики Фреир во летото 2024 година. Бруно заврши 11 од противници и 5 пати беше завршен. Тој победи на 8 од последните 10 ММА борби. Пол Хјуз ќе ја брани честа на родниот град и се надева дека победата ќе му донесе реванш со Нурмагомедов на крајот на годината.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО