Јубенк е строго казнет затоа што му удри шлаканица на Бен и му скрши јајце на лицето

Крис Јубеанк Јуниор е казнет со 100.000 фунти (118.500 евра) затоа што минатиот месец му удри шлаканица на Конор Бен и му скрши јајце на лицето.

Јубенк и Бен се подготвуваат за долгоочекуваната борба која е закажана за 26 април во Лондон на стадионот на Тотенхем Хотспар.

Пред настанот имаа неколку прес-конференции, но на последната во Манчестер пред две недели се случи инцидент, кој лесно можеше да прерасне во тепачка.

На сцената избувна хаос кога Јубенк извади сурово јајце од џебот и му го плесна на Бен во лицето додека двајцата позираа пред камерите.

Обезбедувањето брзо реагираше и спречи општа тепачка.

И прес-конференцијата на која Јубенк Јуниор покажа дека може да биде тензично за време на пресметката. Го испровоцира Бен поради пад на допинг тестот.

„По сослушувањето пред Британскиот боксерски комитет, беше утврдено дека Крис Јубенк Јуниор. го прекршил правилото 25 (недолично однесување) за време на прес-конференција во Манчестер. Крис Јубенк Јуниор е казнет од бордот со 100.000 фунти“, се вели во соопштението на Британскиот боксерски одбор.

Јубанк Јуниор и Бен имаа уште една прес-конференција два дена подоцна, која помина без инциденти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО