Крис Јубенк скрши јајце во главата на Конор Бен (ВИДЕО)

Подготовките за борбата меѓу Конор Бен и Крис Јубeнк Јуниор добија уште поголема тензија откако Јубeнк на необичен начин на прес-конференцијата во вторникот го изненади својот противник – удирајќи го со јајце во лицето.

Инцидентот се случи по официјалниот дел во централниот аудиториум на Манчестер, каде двајцата боксери застанаа лице в лице за традиционалното соочување пред борбата. Очигледно непријателството меѓу нив не било само вербално, бидејќи Јубенк ја започнал изненадувачката провокација. Ова предизвика бурна реакција на Бен, кој се обиде да стигне до противникот, но бил спречен од обезбедувањето.

Прес-конференцијата беше прва од двете планирани средби со медиумите пред мечот на 26 април, кој ќе се одржи на стадионот на Тотенхем во Лондон. Втората прес-конференција е закажана за в четврток, а се очекува тензиите меѓу двајцата да продолжат да растат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО