Натпреварувачите од Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) викендов освоија 35 медали – 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени, како и 5 пехари за најдобри поединци на Меѓународниот турнир „Тирана опен 2025″ во Албанија.
Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција каде што настапуваа 18 клубови од 6 европски земји: Шведска, Грција, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија.
Медалите ги освоија таеквондистите од следните клубови:
ХВА реанг ИТФ – 6 златни, 3 сребрени, 2 бронзени и 2 пехари за поединци
Мастер – 2 златни и 4 бронзени медали
Чонџи – 3 златни, 1 сребрен и пехар за најдобар поединец (кадет)
Сонкал – 5 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниор)
Ахилиус – 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниорка).
„Конкуренцијата беше жестока, но нашите натпреварувачи, кои натпреваруваа во двете дисциплини – форми и борби, уште еднаш покажаа зошто сме горди на нив“, велат од МТТФ.