Со Аеродром опен почна Лига турнирскиот систем на МТФ – Бутел, пред Корио и Кобра

Со таеквондо турнирот „Аеродром опен“ што се одржа вчера во Скопје Македонската таеквондо федерација годинава го започна Лига турнирски систем на натпреварувања. Согласно одлука на Собранието во текот на една натпреварувачка година ќе се организираат шест домашни турнири кои ќе носат бодови за финалното годишно рангирање на најдобрите клубови и спортисти.

На овој турнир најуспешен клуб беше Бутел со 165 бодови, Корио е втор со 162, трет е Кобра со 128.

Резултатите од турнирот се следниве:

  1. ТК Бутел – 165 бодови
  2. ТК Корио – 162 бодови
  3. ТК Кобра – 128 бодови
  4. ТК Младост – 116 бодови
  5. ТК Феникс – 96 бодови
  6. ТК Штип – 65 бодови
  7. ТК Хваранг – 50 бодови
  8. ТК Годел – 33 бодови
  9. ТК Сила – 31 бодови
  10. ТК Тигри – 30 бодови
  11. ТК Те Макс – 29 бодови
  12. ТК Поомсае – 21 бодови

„Турнирите ќе бидат организирани од клубови членки на МТФ со целосна техничка поддршка од страна на федерацијата. Бодувањето се врши согласно усвоен Правилник, исто така донесен со одлука на Собранието на МТФ. После секое бодување, од страна на стручната служба на МТФ, секој клуб може да има увид во пресметаните бодови.

За домашното рангирање се земаат во обѕир само домашните турнири од Лига системот, за севкупното рангирање се земаат во предвид и меѓународните турнири одредени согласно правилникот за бодување на МТФ“, објаснуваат од МТФ и додаваат:

„„Аеродром опен“ беше организиран од страна на Те Макс, честитики до претседстелот на Клубот Стивен Цветковски за одличната организација.

Честитки до судиите кои максимално се вложија турнирот да биде на вистинско ниво за еден олимписки спорт“.

Турнирот се одржа викендов во СРЦ „Јане Сандански“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО