Погледнете како Паркер го нокаутира 20 килограми потешкиот Баколе (ВИДЕО)

Џозеф Паркер (36-3, 24 КО) брзо ја заврши работата на боксерскиот спектакл во Ријад. Новозеландскиот борец во конасловната борба со технички нокаут во втората рунда го победи Мартин Баколе (21-2, 16 КО).

Паркер го удри Баколе со брилијантна десница, поради што тој се тетеравеше и заврши на поодот. Стана, но нозете се уште му се нишаа, па судијата ја прекина пресметката.

Новозеландецот го одбрани шампионскиот појас на ВБО во тешка категорија, а по мечот изјави дека не му е важно кој е неговиот следен противник.

Тој пред неколку дена истакна дека целта му е повторно да стане светски шампион, а тоа го повтори и по мечот.

„Заслужувам меч за светската титула“, изјави Џозеф Паркер по убедливата победа над 20 килограми потешкиот Баколе, а одличната завршница погледнете ја во видеото:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО