Македонските кикбоксери обезбдеија четири финалиња на „Бугарија Европски куп“ во Пловдив, Бугарија.
Денес за златен медал ќе се борат Марија Димовска, Нелсон Узеир, Лука Кипровски и Лука Змејковски.
На Европскиот куп настапуваат 1376 кикбоксери со 2165 натпреварувачки влезови од 29 држави.
„До финале сите имаа тешки борби со искусни противници. Силвио Мировски не излезе во полуфиналната борба бидејки во квалификациите, иако победи, се здоби со повреда заради која беше спречен да настапи. Денес за злато се борат Марија Димовска, Нелсон Узеир, Лука Кипровски и Лука Змејковски“, изјави селекторот Дејан Митровски-Урко.