Андреа Нисева го освои сребрениот медал на престижниот Меѓународен турнир во борење за жени „Клипан лејди опен“ во Клипан, Шведска. Нисева во финалето се бореше со Германката Ајла Сахин и загуби 0-8.
„Андреа на престижниот турнир Клипан опен се закити со сребрениот медал. Не успеа да извојува победа во финалето, но ова е почеток на сезоната и настапи во потешка категорија, односно до 65 килограми. Сепак, ова е добар тест за почетокот на сезоната. Како што и напишав претходно, следен турнир е Хрватска опен во Загреб следната недела, од 21 до 23 февруари. И се заблагодаруваме на фирмата Пешко теч од Шведска, одосно на Љубиша Пешко кој живее и работи во оваа земја и ни овозможи финансиска и морална поддршка на овој турнир со неговото присуство“, изјави тренерот Методи Сичков.
Нисева претходно славеше против Грета Усиноивич од Литванија 0-10 (ТТ) и над Марија Јагуш од Полска 10-0 (ТТ), Фења Херман од Германија 7-5, пораз од Жужана Хорбик од Полска 3-4.
Во нејзината категорија до 65 килограми во У-17 има 13 борачки од Шведска, Норвешка, Финска, Полска, Киргистан, Германија и Литванија.
Андреа настапи како репрезентативка на Бугарија.