Ќе има ли критичен крај битката Бетербиев – Бивол?

Познатиот руски УФЦ ветеран Олег Тактаров даде своja прoгноза за претстојната борба меѓу апсолутниот светски шампион во полутешка категорија Артур Бетербиев и поранешниот светски шампион во оваа категорија Дмитри Бивол, која ќе се одржи на 22 февруари во Саудиска Арабија.

„Се разбира, Артур може да се справи со тоа. Но, тој нема да добие толку пари за уште една борба. Овој пат Бетербиев можеби не е толку активен. Спротивно на тоа, Бивол ќе дејствува малку поактивно. Можеби е одлука во корист на Дмитри, но не гледам некој супердраматичен, критички крај, бидејќи и двајцата се познаваат.

Ова го базирам на моето борбено искуство. На пример со Марко Руас. Го победив во првата борба. А на реваншот веќе знаев дека ќе победам, иако можеби не бев во најдобра форма. Кога познаваш борец, објективно го оценуваш, не може да има изненадувања, особено ако си физички подготвен“, изјави Тактаров за Шампионат.

Потсетуваме дека првата пресметка помеѓу Бивол и Бетербиев се случи во октомври 2024 година. а потоа Бетербиев победи со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО