Кикбоксерот Рико Верховен реши да зборува за своето детство, кое воопшто не било лесно. Шампионот во тешка категорија на Глори неодамна имаше искрен разговор со Николас Веул на неговиот Јутјуб канал. „Кралот на кикбоксот“ се навраќаше на своето тешко детство и последиците кои сè уште ги доживува како возрасен.
Верховен пораснал во семејство на разведени ридители. Неговите родители се разделиле пред тој да се роди. До шестата година живеел со мајка му и постарата сестра. Во меѓувреме, неговиот татко имал нов партнерка. Рико оди да живее со татко му бидејќи неговата мајка имала проблеми со алкохолот и дрогата.
Како дете не разбира зошто наеднаш мора да се одвои од мајка си. По некое време, Верховен се вратил во куќата на мајка му, но не останал долго таму и заминал трајно да живее кај татко му. Неговиот татко бил строг човек кој сонувал да успее во спортот, но не го постигнал тоа. Својата енергија ја насочил кон Рико и сакал неговиот син да ги постигне успесите што не не успеал тој да ги постигне.
„Мајка ми имаше многу проблеми, особено со алкохолот и дрогата. Сестра ми помина низ повеќе нешта од мене, затоа што беше постара. Како дете не разбирав зошто наеднаш морав да одам кај татко ми. Татко ми по извесно време реши да го официјализира тоа во општината, за да можам трајно да останам кај него. Имаше строги правила. Почнав да се занимавам со кик бокс кога имав шест години. На почетокот беше разиграно, но стануваше се посериозно.
Татко ми имаше јасна визија: да тренирам напорно, да јадам добро и да имам дисциплина. Ова ми даде многу, но не беше секогаш лесно. Научив дека треба да се жртвуваш за да успееш. Но, како дете, не секогаш се чувствувате удобно со тоа. Татко ми сонуваше да успеам во спортот, нешто што тој самиот не можеше да го постигне. Тој ги проектира своите соништа врз мене.
По некое време, татко ми повеќе не можеше да се носи како тренер. Му дадов опција сам да си го плати патувањето во мојата борба за титулата, со ветување дека ќе му вратам по победата. Но, тој се чувствуваше запоставен. Ова предизвика голема тензија. Често слушам како луѓето велат: „Ваков сум затоа што сум го доживеал ова и она, но во одреден момент треба да преземете одговорност за вашите избори“.
Се ќе биде во ред. Продолжете да сонувате, но и трудете се за тоа. Не плашете се да не успеете“, рече Верховен.
Останува да видиме дали Верховен ќе учествува на турнирот на Глори. Во моментов се водат преговори и неговото име не е вклучено.
View this post on Instagram