ИБА ќе го тужи МОК по уредбата на Трамп за „трансродовите“ лица во женскиот спорт

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ќе покрене правна постапка против Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој ѝ ги одзеде овластувањата на организацијата врз боксерскиот турнир на Олимпијадата во Париз во 2024 година, поради контроверзната одлука со која на две боксерки со контроверзна одредба на полот им беше дозволено да се натпреваруваат во женска конкуренција.

МОК им дозволи на декларирани како жени Алжирката Имане Келиф и Тајванка Лин Ју-Тинг да се натпреваруваат и да освојат златни медали, и покрај тоа што ИБА ги исфрли од светските првенства откако тие не ги минале тестирањата за утврдување на полот.

Келиф и Лин никогаш не биле официјално класифицирани како трансродови.

МОК самиот го презеде водењето на олимписките боксерски натпревари во Париз, откако ѝ ги одзеде ингеренциите на ИБА поради навнодна низа „проблеми во управувањето“.

Од ИБА во соопштението објавено во понеделникот истакнуваат дека нашле оправдување за нивните постапки во неодамнешната извршна уредба на американскиот претседател Доналд Трамп „трансродовите лица да се држат подалеку од женскиот спорт“.

Во пресрет на Светското првенство во бокс за жени, кое од 8-ми до 16-ти март ќе се одржи во Србија, ИБА ќе поднесе формална жалба до швајцарското државно правобранителство во врска со постапките на МОК на минатогодишните Олимписки игри во Париз.

„Според швајцарскиот закон, секое дејство или неактивност што претставува безбедносен ризик за учесниците во натпреварувањето бара истрага и може да послужи како основа за кривично гонење“, се вели во соопштението на ИБА.

Слични правни постапки ќе бидат покренати во Франција и САД.

„Наредбата на претседателот Трамп да им забрани на трансродовите спортисти да учествуваат во женски спортови ги потврдува напорите на ИБА да го заштити интегритетот на женскиот спорт“, рече претседателот на ИБА, Умар Кремлев.

„Нашите активности имаат цел да обезбедат родова еднаквост во боксот. Ги повикуваме другите меѓународни федерации да го следат примерот на ИБА, бидејќи сме во единствена позиција да го решиме ова прашање и да се залагаме за правата на нашите спортисти“, додава Кремлев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО