Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо  се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025. Само 16 судии беа официјално поканети од вкупно 280 национални активни карате судии, меѓу кои и нашиот светски македонски карате судија Дејан Милошевски. Тој беше избран и за член на Комисијата за жалби, одговорна за решавање на сите карате протести на овој натпревар.

„Натпреварот започна со дисциплината кати, каде евалуацијата на перформансите во кати беше оценета од страна на 5 или 7 ката судии со помош на електронскиот спортдата систем. За судењето на борбите се користеше истиот систем со помош на џојстик со кој електронски секој судија ги регистрираше поените. Овој систем се користи на сите официјални интернационални натпреварувања во организација на СКФ“, истакнува Милошевски и додава:

„Ова ми е втора година по ред да бидам дел од овој тим. Навистина голема благодарност до претседателот на Карате федерацијата на САД за укажаната доверба. Во историјата на САД, да се биде првиот Македонец во најдобрите 16 карате судии и член на Судиската комисија претставува огромно признание и чест за мене и за нашата македонска диајспора. До сите што се стремат кон своите соништа: верувајте во себе – она што изгледа невозможно може да стане реалност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО