Дејвид Бенавидез го победи Кубанецот Дејвид Морел со едногласна одлука на настан во Лас Вегас изминатиов викенд и го продолжи својот пат кон врвот во полутешка категорија.
Американско-мексиканскиот боксер со победата ја задржа привремената титула на ВБЦ и ја освои титулата во полутешка категорија на ВБА (Регуларна).
„Ова е светот на мексиканското чудовиште“, рече Дејвид Бенавидез и продолжи:
„Секоја чест за Морел. Тоа беше голем тест за него, а знаев дека ќе биде опасен противник. Се подготвив напорно и мило ми е што луѓето гледаа одлична борба“.
Бенавидез (30-0, 24 КО) и Морел (11-1, 9 КО) ги почестија гледачите во Т-Мобиле арената со вистински огномет и боксираа со големо темпо во текот на целиот период, нудејќи си ја најтешката борба во нивните кариери.
И двајцата имаа повеќе од илјада комбинирани удари, а на крајот Бенавидез беше поуспешен (118-108 и двапати 115-111).
Имаа сличен учинок во обидите за удар (601 за Морел и 553 за Бенавидез), но мексиканското чудовиште беше многу попрецизно, 224 (40,5 проценти) до 165 удари (27,5 проценти).
По мечот Турки Алалших го покани Давид Бенавидез за три недели да дојде во Ријад и да биде присутен на реваншот меѓу Бетербиев и Бивол.
Апсолутниот шампион Артур Бетербиев ќе ги брани сите четири шампионски појаси во полутешка категорија против Дмитри Бивол на 22 февруари во Саудиска Арабија, а Бенавидез сега стана задолжителен предизвикувач.
„Само сакам да бидам најдобар во мојата ера“, рече Давид Бенавидез и подвлече:
„Не е важно со кого ќе се борам, ќе бидам подготвен. Целта ми е да освојам четири титули. Токму тоа доаѓа. Сакам да станам апсолутен шампион“.