Рускиот борец во тешка категорија на УФЦ Сергеј Павлович зборуваше за потенцијалната борба за титулата меѓу Американецот Џон Џонс и Британецот Том Аспинал.
„Мораме да му го дадеме на Џон Џонс, навистина e легенда на овој спорт, тој е на врвот толку многу години. Но, сепак, ако цениме објективно, мислам дека Аспинал ќе ја добие борбата“, рече Павлович на прес-конференција.
Во неговата последна борба во јули на УФЦ 304, Аспинал го нокаутира во реваншот Американецот Картис Блејдс. Џонс во ноември го нокаутира поранешниот шампион и сонародник Стипе Миочиќ на УФЦ 309.