Тајсон Фјури нема да се пензионира

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО) нема да престане со боксот и најави дека се повлекува само за да ја добие посакуваната борба со Ентони Џошуа (28-4, 25 КО). Поранешниот шампион во дивизијата Џони Нелсон е сигурен во ова.

„Мислам дека сака да бидеме очајни и сите да се молиме тој да се врати“. Сака луѓето да му кажат: Не, не, немој да го правиш тоа. Фјури не оди никаде бидејќи има премногу пари во игра за да ја одбие борбата со Џошуа.

„Денес е пензионер, задутре ќе бара пола милијарда. Тој дури и не игра добра игра покер. Се обидува да ја зголеми цената. Мислам дека Еди Херн го предвиде сето ова пред една недела. Не верувам дека прекинува со боксот“, изјави Нелсон за Токспорт бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО