Хабиб Нурмагомедов го коментираше настапот на неговите борци на UFC 311.
Минатиот викенд Нурмагомедов беше во аголот на своите пријатели и соборци кои се бореа во Калифорнија. Тагир Уланбеков и Ислам Махачев го израдуваа со победи, но тоа остана во сенка на поразот од Умар Нурмагомедов. Братучедот на Хабиб загуби од Мераб Двалишвили и не успеа да стане шампион во бантам категорија.
На Умар му недостасуваше потребната издржливост и не можеше да го издржи бруталниот притисок од Двалишвили. Тој и Хабиб беа многу сигурни во победата, но таа никогаш не дојде. Нурмагомедов не е среќен поради ова, но верува дека Умар ќе се подобри и ќе се врати во трката за титулата.
„Имав тешка ноќ, како што очекував. Ислам Махачев уште еднаш докажа дека моментално е најдобар во светот. Многу сум среќен поради него и патот по кој тргна во овој спорт. Многу малку борци го постигнаа тоа што го има. Продолжи да работиш брат ми, ова не е граница. Умар Нурмагомедов крени ја главата. Покажа дека си еден од најдобрите во светот. Имаме многу да работиме во моментов.
Ќе работиме на грешките и ќе се вратиме во трката за титулата. Тагир Уланбеков заврши добра работа и многу ме израдува. Но, знам дека може да биде подобро. Треба да победиме уште неколку натпревари оваа година. Во сè има добро. Ние како верници мораме да разбереме дека Аллаховата одлука е подобра од нашата желба“, напиша Хабиб.
View this post on Instagram