За светскиот шампион во тешка категорија од Украина, Александар Усик (23-0, 14 КО) има уште неколку интересни опции во боксот и покрај тоа што тој веќе го докажа својот статус на најдобар боксер, без разлика на категоријата.
Ова го изјави американскиот промотер Том Лофлер, кој најмногу сака да го види Украинецот во рингот со поранешниот шампион Дионтеј Вајлдер (43-4-1, 42 КО).
„Реваншот со Даниел Дубоа е добра борба“, изјави Лофлер за Ворлд бокс њуз. „Но, отсекогаш сакав да го видам Усик како се бори со Дионтеј Вајлдер. Борбите на Вајлдер никогаш не се здодевни и секогаш се возбудливи, без разлика дали ќе нокаутира некого или ќе биде нокаутиран“.
„Има некои добри можности за Усик, но реалноста е дека веќе направи се што е во негова моќ за да докаже дека е најдобриот борец во рангирањето паунд фор паунд. Се бори со момци кои се 30-40 кг потешки од него, ги надмудрува, доминира со нив. А ние зборуваме за момци во нивниот врв како Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Даниел Дубоа“, додаде Лофлер.