Тајсон Фјури уште еднаш истакна дека неправедно ја загубил борбата за светската титула во реваншот против Александар Усик.
Усик мечот во Ријад, по 12 рунди ја доби со едногласна одлука на судиите 116-112. Фјури тврди дека судиите му ја украле победата.
„Во секоја е*ена рунда ме ограбија. Да го е.ам сите! Мислев дека победив во најмалку три рунди. Целата борба бев на предната нога. Ќе ви кажам што ќе се случи, можете да дбиете во овие држави“, рече Фјури, пренесува „Дејли мејл“.
А статистиката вели дека Усик упатил 423 удари, 42 отсто од ударите го погодиле противникот. Фјури имаше уште 86 удари повеќе (509), но со далеку помала стапка на погодок, само 28 отсто го погодиле противникот.
Инаку, ова беше втора победа за Усик оваа година над Фјури, по што ги задржа појасите на ВБЦ, ВБА и ВБО.