Таеквондистите на Кобра најуспешени на „Санта Клауз кик масс“, следат Бутел и Корио

Викендов, на 21 декември, во Скопје се одржа Меѓународниот таеквондо турнир „Санта Клауз кик масс“ на кој триумфира Кобра со 15 златни, 13 сребрени и 9 бронзени медали. На второто и трето место во вкупниот пласман се Бутел и Корио.

На турнирот настапија 250 натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија и Црна Гора.

„Сите учесници добија новогодишно пакетче од организаторот. А, на натпреварот дојде и Дедо мраз, на кого децата многу му се рaдуваа и беа среќни. Беше многу убаво“, велат од ТК Кобра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО