Поранешниот светски шампион Тајсон Фјури реши да направи голема промена во пресрет на реваншот против Александар Усик, кој ќе се одржи во сабота на боксерскиот спектакл во Ријад.
Имено, по поразот на Фјури во мај, многумина како можен проблем го детектираа присуството на неговиот татко Џон Фјури покрај рингот, кој со гласните совети на Тајсон му ја наруши концентрацијата.
Украинецот го победи борецот од Моркамб со поделена одлука за обединување на титулите во тешка категорија за прв пат во ерата на четири појаси.
На тој меч Џон Фјури беше во аголот на Тајсон, а многумина претпоставуваат дека му се вмешал во советите до неговиот син, до кој едвај стигнале советите на неговите тренери СугарХил и Енди Ли.
За време на мечот и на паузата постојано се слушаа неколку гласови од аголот на Фјури, што сигурно беше збунувачки за Џипси Кинг.
Тренерот Шугар Хил по отворениот тренинг изјави дека неговиот татко Џон нема да биде во аголот на Тајсон за овој меч.
„Јас и Тајсон Фјури сме подготвени. Секогаш имаше глупаво однесување и си играше наоколу, но сега е сосема поинаков. Тој е сто проценти подготвен за овој меч“, изјави ШугарХил, и откри кој ќе биде во аголот на Тајсон:
„Само јас, Енди Ли и „Катмен““.
Енди Ли го поддржа Шугар Хилl и дополнително ја објасни одлуката.
„Минатиот пат се изгледаше хистерично, особено кога се приближуваше крајот на борбата. Во исто време се слушнаа три гласови. Разбирам дека Џон го сакаше најдоброто за својот син, но Шугар Хил сакаше да победи. Се обидов и да му кажам на Тајсон дека губи две рунди, но тешко можеше да ме разбере. Комуникацијата меѓу нас беше многу лоша“, изјави Енди Ли.